О.Карпош: Културно-уметничкото друштво „ Цветан Димов“ – прва награда на Меѓународниот фестивал „ Харман фолк“ во Истанбул

Културно-уметничкото друштво „ Цветан Димов“ од Општина Карпош, ја освои првата награда на Меѓународниот фестивал „ Харман фолк“, во Истанбул, Турција. Во најголемиот турски град, наградата е  освоена во силна конкуренција од 8 ансамбли, кои доаѓаат од исто толку држави. Фолклорниот ансамбл доби максимални 100 поени од  жирито, што претставува голем успех  и меѓународно признание за македонскиот фолклор и култура.

Извор: Општина Карпош