O.Карпош: Mултимедијални “Флеш Вести” за подобро информирање

Општина Карпош започнува со нов мултимедијален начин на комуникација насловен како „Флеш Вести“. Целта на ова информирање ќе биде да се направи пресек на реализираните проекти и активности во Општината на неделно ниво, но и да се најават новите проекти, планови и активности.

Всушност, некогашниот Неделен Е–Билтен кој Општината го подготвува се унапредува и добива на мултимедијалност. Содржините ќе бидат прилагодени за социјалните мрежи, веб порталите и другите медиуми, како и за публиката која постојано комуницира со локалната самоуправа.

Со „Флеш Вести“ ќе се подобри и двонасочната комуникација со граѓаните. Ќе постои поголема информираност за актуелните случувања во Општината, а ќе се спречи и ширењето на лажни вести.

Локалната самоуправа продолжува да ја унапредува двонасочната и директна комуникација со граѓаните, граѓанските организации и сите други засегнати страни.

Извор: Општина Карпош