О.Карпош: Нов сообраќаен режим на ул.Прашка во Тафталиџе

На денешната седница на Советот на Општина Карпош, советниците од сите политички партии дадоа „виза“ за одлуката со која се воспоставува нов сообраќаен режим на улицата „Прашка“, која досега беше „тесно грло“ во населбата Тафталиџе 1. За таа цел, ќе биде поставена нова хоризонтална и вертикална сигнализација, која е донација на Меѓународното училиште „ НОВА“.

За таа намена веќе се поставуваат нови 56 сообраќајни знаци, како и нови забавувачи на сообраќај, со цел да се зголеми безбедноста и сигурноста на сите учесници во сообраќајот.

Исто така, на овој потег се воведува и ЗОНА 30, со што се ограничува брзината на движење на сите возила.

Со новиот сообраќаен режим, од улицата „Лондонска“ се  вози во една насока спрема „Прашка“, а возможен е приклучок само ôд ,  и кон улицата „Дамаска“.

На овој начин ќе се намали сообраќајниот метеж во Тафталиџе 1, а најважно е што ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Новиот сообраќаен режим беше усвоен на 22 – та седница на Советот на Општина Карпош, на која воедно беше прифатена донацијата на Меѓународното училиште „НОВА“ од новите сообраќајни знаци.

Во образложение на оваа одлука градоначалникот на Карпош Стефан Богоев нагласи дека вакви проекти за воспоставуивање на безбедни зони во сообраќајот, посебно пред влезовите на основните училишта, имаме добиено од Град Скопје и од МВР на градот, и за ООУ „Димо Хаџи Димов“, ООУ „Војдан Чернодрински“, ООУ „Јан Амос Коменски“ и ООУ „Братство“. Очекуваме тие проекти да почнат да се реализираат на почетокот на летото, со поставување на забавувачи на сообраќајот,, рече Богоев.

Неодамна започна да функционира и новиот сообраќаен режим за Карпош 4, делот околу Сити Мол, со цел да се ублажи метежот и да се зголеми безбедноста околу овој дел од општината.

Извор: Општина Карпош