О.Карпош: Нови 30 клупи за учениците од Аврам Писевски во Бардовци

Обновен е училишниот мебел во основното училиште „Аврам Писевски“ во Бардовци. Имено, оваа образовна установи доби нови 30 клупи за учениците, на кои децата ќе седат и  ќе ја следат наставата.

Клупите ќе бидат распоредени по повеќе училници за потребите на учениците од прво до  трето одделение, односно оние кои од први октомври наставата ќе ја следат со физичко присуство.

Овие клупи се донација од Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје. Оваа високо образовна установа повторно ја потврдува својата општествена одговорност и грижа кон заедницата, особено во овој чувствителен период кога новата учебна година е предизвик за целото општество.

Истоимениот универзитет донираше и компјутери за потребите на наставниот кадар на ООУ „Лазо Трповски“.

Општина Карпош продолжува со активностите за безбеден почеток на учебната година. Покрај обезбедување на ИТ поддршка за десетте основни училишта, спроведена е и целосна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на училиштата.

Никој не може да вети стонастотна подготвеност, но со сите сили и ресурси сме насочени кон креирање на подобри услови за учениците и наставниот кадар.

Извор: Општина Карпош