О. Карпош: Одбележан Меѓународниот ден на космонаутиката

Делегација на Општина Карпош, предводена од градоначалникот Стефан Богоев, претседателот на Совет, Андреј Манолев и членот на Советот, Филип Даскаловски, на ден 12.04.2019 година положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на Јуриј Гагарин, во Карпош, во знак на одбележување на Меѓународниот ден на космонаутиката.

На манифестацијата присуствуваа претставници на повеќе институции и амбасади, а учениците од ООУ „Димитар Миладинов“ читаа поезија посветена на Јуриј Гагарин.

Извор: Општина Карпош