О.Карпош: Заврши Хортикултурното уредување кај Порта Влае

Општина Карпош го заокружи хортикултурното уредување на платото кај Порта Влае.

Денеска се засадија повеќе украсни грмушки и цвеќиња во жардиниерите, со што сеоблагороди просторот и заленилото и во овој дел од Општината.

Во изминатиот период беше хортикултурно уреден предниот дел на Порта Влае, а Општината ја започна и пролетната акција за засадување на нови дрвја.

Продолжуваме со секојдневните активности за раззеленување на Карпош.

Извор: Општина Карпош