О.Карпош: Зазеленува Чаталот

По завршувањето на подготвителните активности за рамнење и чистење на теренот, Општина Карпош продолжи со засадување на висококвалитетни дрвја, жива ограда и украсни растенија на т.н. „чатал“ меѓу патот за Трнодол и Жданец.

Имено, се засадуваат вкупно 455 растенија: листопадни и зимзелени дрвја, грмушки и украсно зеленило.

На овој јавен простор од 400 м2 ќе се засади и тревна површина, а предвиден е и систем за наводнување и одржување на целото зеленило.

Со уредувањето на овој агол целосно се менува ликот на еден запуштен и руиниран простор. Зелениот корнер ќе биде ставен во функција на граѓаните и нивните рекреативни активности.

Локалната самоуправа ги користи поволните временски услови за дополнително раззеленување на населбите. Неодамна заврши и есенската акција за садење на 150 листопадни дрвја. Етапно се садат и 300 ореви по дворовите на основните училишта и градинките.

Извор: Општина Карпош