О.Кавадарци: Асфалтирање на коловозот на улицата Наќо Лазовски

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ изврши асфалтирање на коловозот на улицата „Наќо Лазовски“. Нов слој асфалт е поставен во должина од 220 метри.

Според планот на општината претходно беше отстранет стариот и дотраен асфал после што следеше тампонирање.

Проектот е дел од јавната набавка на општината за реконструкција и на коловозната површина на улиците „Иво Андриќ“ и ул.„Доне Попов“ спој со ул.„Григор Прличев“. Вредноста на оваа јвна набавка изнесува 5.535.000 денари. Претходна како дел од овој тендер се изврши пробивање и асфалтирање на крак од улицата „Дисанска“.

Извор: Општина Кавадарци