О.Кавадарци: Асфалтирање на крак од улицата Наќо Лазовски

Завршена е реализацијата на уште еден комунален проект на општината. Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци изврши асфалтирање на кратка делница од улицата „Наќо Лазовски“.

Според проектот се ревитализираше делот од спојот со улицата „Димката Ангелов-Габерот“ до спојот со задниот двор на ООУ „Тошо Велко-Пепето“ во Кавадарци.

Претходно на истата делница беа поставени нови рабници на едната страна од коловозот и беше изгребан и отстранет стариот дотраен и оштетен асфалт.

Со овој проект општината обезбеди обновен и побезбеден  пристап на учениците.

Извор: Општина Кавадарци