О. Кавадарци: Франсускиот амбасадор Кристијан Тимоние во посета на Општина Кавадарци

Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев на ден 23.04. 2019 година  оствари средба со франсускиот амбасадор во нашата држава Кристијан Тимоние, на која се  разговараше за низа актуелни прашања  во земјата и општината.

Градоначалникот Јанчев го запозна гостинот со акуелните комунални и други вложувања во Општина Кавадарци, а најавено е формирање фонд за странска помош на француската влада за средства за разни проекти за што своја апликација ке има и Општина Кавадарци.

Извор: Општина Кавадарци