О.Кавадарци: Изградба на пумпна станица за водоснабдување во Бојанчиште и Куманичево

Новиот начин на водоснабдување на селата Бојанчиште и Куманичево се темели на водоснабдување по пат на пумпна станица.

Со ваквиот начин на водоснабдување се отвора вентилот кој беше подзатворен и водата слободно протекува во цевководот кон градот.

На овој начин во градот ќе се добијат дополнителни 10л/с. вода а на централите ќе се зголеми производството на електрична енергија.

Оваа инвестиција е околу 20 000 евра и истите само од дополнително производство на електрична енергија би се вратиле за неполни 3 години.

Извор: Општина Кавадарци