О.Кавадарци: Јавен повик – Кандидати за волонтирање по проект „За чисто и убаво Кавадарци“

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани и млади лица над 15 години да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира  волонтерска работа за потребата на Општина Кавадарци за активностите според проектот „ За чисто и убаво Каварадаци“.

Јавниот повик се објавува поради потребата на Општина Кавадарци за ангажирање на волонтери, кои доброволно ќе извршуваат активности за почист и озеленет град и тоа:

  • подигање на нови зелени површини низ градот;
  • засадување на садници;
  • Одржување на селски патишта и фудбалски игралишта;
  • чистење и одржување на јавната чистота на повеќе локации како што се: градски парк, месноста Моклиште, главните влезови на градот и други локации.

Извор: Општина Кавадарци