О.Кавадарци: Обновување на улицата Прилепска

Вчера започнаа подготвителните работи за отстранување на старата и дотраена коловозна површина на крак од улицата „Прилепска“.

Општината во склоп на реализација на програмата за комунална изградба, преку ангажираната оператива на фирмата „АС машини“ од Кавадарци изврши отстранување на старата бетонска подлога.

Според проектот ќе се продолжи зо нивелирање и подготовка на деницата за бетонирање.

Реконструкцијата се спроведува на барање на жителите кои живеат веднаш до Противпожарниот дом од неговата западна страна.

Извор: Општина Кавадарци