О.Кисела Вода: Градинката „Мимоза“ донираше новогодишни пакетчиња и колачиња

Во пресрет на новогодишните празници, градинката „Мимоза“, лоцирана спроти ТЦ „Шампионче“, на докажаната хуманитарна организација на скопската православна епархија при МПЦ „Свети Спас“ и донираше повеќе новогодишни пакетчиња и колачиња.

Донацијата од новогодишни пакетчиња ја обезбедија дел од родителите на децата и вработените во градинката. Покрај ова, дечињата со помош на вработените подготвија и колачиња.

Со оваа хуманитарна акција, градинката „Мимоза“,  која е во склоп на ЈДГ „Весели цветови“, оваа година уште еднаш покажа како треба да се развиваат најмладите, колку е важно да се помага, покажа што треба да се презема за да се чувствуваат задоволно и семејствата кои немаат доволно средства за задоволување на секојдневните потреби.

Општина Кисела Вода за хуманитарната акција на градинката „Мимоза“, упатува голема благодарност до родителите, директорката и вработените. Општината благодари и за сите останати хуманитарни акции, кои од почетокот на годинава ги спроведоа, институциите, фирмите, организациите и поединците.

„Најдобар начин да се расположите е да се обидете да расположите некој друг“ – Марк Твен

Извор: Општина Кисела Вода