О.Кисела Вода: Нов парк за домашни миленичиња

Општина Кисела Вода пред влезот на отворениот пливачки базен во Расадник, направи нов парк за миленици.

Паркот се простира на површина од околу 420 м2, и истиот е со висина на ограда од 1,6 метри. Во паркот поставена е урбана опрема, осум клупи за одмарање, шест корпи за отпадоци и за собирање на изметот. Поставени се и четири реквизити за милениците.

Неодамна, парк за домашни миленици, Општината направи и во урбаната заедница „11 Октомври – бараки“.

Со изградбата на парковите, Општина Кисела Вода докажа дека ги исполнува барањата на граѓаните кои чуваат домашни миленици.

Извор : Општина Кисела Вода