О.Кисела Вода: Основците од Кисела Вода учесници во спортски игри организирани од Агенцијата за млади и спорт

Секретарот на Општина Кисела Вода Александар Алексовски и други претставници од Општината, вчера присуствуваа на спортски настан во ООУ “Партенија Зографски”, организиран од страна на Агенцијата за млади и спорт, во соработка со локалната самоуправа. Истиот претходи на отпочнувањето на Европската недела на спортот насловена “Be Active”.

Основците од сите училишта на територија на општина Кисела Вода, предводени од своите наставници по физичко воспитување, имаа можност да се дружат и да учествуваат во одредени активности како, спортски лавиринт, скокање на јаже и мали пријателски спортски натпреварувања, како и да се запознаат со некои од нашите Амбасадори на Европската недела на спортот.

Сите овие активности се во насока на зајакнување на спортскиот дух  и поттикнување на и здравите навики на живеење.

Општина Кисела Вода во многу наврати и со бројни проекти потврдува дека се залага за развој на спортот на локално ниво, за што говорат и многу успеси од страна на наши ученици, дури и на меѓународно ниво. Учеството во настанот што го организираат го координираат вработените во Агенцијата за млади и спорт, е само еден од нив.

Извор: Општина Кисела Вода

O.Кисела Вода: Основците од Кисела Вода освоија 3-то место во футсал

На Купот Св. Георги 2019  најдобри во футсал се учениците од Општина Карпош. Гази Баба заврши на 2, а Кисела Вода на 3 место.

Селекцијата на Кисела Вода ја победи екипата од Центар со резултат 2:1, а тимот од Карпош ја победи Гази Баба со 1:0.

Оваа седмица ученици од истите скопски општини ќе играат полуфинални кошаркарски натпревари. Во спортската сала „Независна Македонија“ селекцијата од Карпош ќе игра против Центар. По овој натпревар силите на теренот ќе ги одмерат Гази Баба и Кисела Вода.

Во текот на оваа седмица во истата сала ќе се играат и одбојкарски напревари.

Извор: Општина Кисела Вода