О.Кисела Вода: Полуматуранти од ООУ „Круме Кепески“ беа во едукативна посета на текстилната фабрика Bella

Проектот на Општина Кисела Вода кој има за цел на полуматурантите од општинските основни училишта да им го олесни изборот на идната професија денеска продолжи да се одвива со едукативна посета на познатата текстилна фабрика за женска гардероба Bella.

Учениците од ООУ „Круме Кепески“ во Bella од страна на тимот вработени беа запознати со процесите за изработка на модерно дизајнирана облека. Деветоодделенците имаa можност да видат како се конструираат и моделираат различни видови на женска гардероба.

Покрај ова, тие видоа и како машински се шијат веќе подготвените текстилни парчиња, а се информира и за потребните квалификации за вработување во фирмата.

Извор: Општина Кисела Вода