O.Кисела Вода: “Пушкинови денови” во паркот “Пушкин” во Кисела Вода

Општина Кисела Вода и оваа година ги одбележа “Пушкиновите денови”. Вчера, со почеток во 18 часот, во паркот “Пушкин”, отворен точно пред 10 години, градоначалникот Филип Темелковски и Амбасадорот  на Руската Федерациjа во Северна Македониjа Сергеј Баздникин го отворија детското игралиште и се обратија пред присутните, по што следеше културно-уметничка програма посветена на одбележувањето на 220 години од раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин.

Извор: Општина Кисела Вода