О.Кисела Вода: Се одржа турнир во Баскет 3×3

Со поддршка од Општина Кисела Вода, а во организација на КК „Ангели“ од Кисела Вода, во спортската сала „Независна Македонија“, изминатите три дена (петок, сабота и недела) се одржа Баскет 3×3 турнир, на кој учествуваа три возрасни категории, младинци, сениори и ветерани.

Во младинска конкуренција учествуваа 6 екипи и се одиграа седум натпревари. На финалниот натпревар силите на теренот ги одмерија младинските екипи на КК „Ангели“ и КК „Вардар“. Победник на овој натпревар беше екипата на КК „Ангели“. Во сениорска конкуренција учествуваа 9 екипи од цела држава и се одиграа 12 натпревари. Во финалето се пласираа екипите на „Dust“ и „Terminatori“. На овој натпревар победи екипата на „Dust“.

Во ветеранска категорија учествуваа 3 екипи и се одиграа 4 натпревари. Во оваа категорија, во финалето победи екипата на Кисела Вода. За најдобрите учесници и освојувачи на турнирот, кошаркарскиот клуб „Ангели“ заедно со Општина Кисела Вода додели ваучери во вредност од 50.000,00 ден. и други награди. Овој турнир втора година се одржа на територијата на Општина и полека но сигурно се етаблира како еден од најдобрите 3×3 баскет турнири во нашата држава.

На натпреварувачите, на дел од натпреварите поддршка им даваа, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, пратеникот во Законодавниот дом, Дарко Каевски и директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски.

На победниците пехарите и ваучерите им ги додели градоначалникот Филип Темелковски.

Извор: Општина Кисела Вода