О.Кисела Вода: Учениците од Кисела Вода поразени во малото финале на купот Св. Георги во кошарка

Во рамки на купот Св.  Георги вчера (14.05) во спортската сала „Независна Македонија“ се одиграа финалните кошаркарски натпревари.

Учениците од Општина Центар во борбата за првото место убедливо ја победија екипата од Гази Баба, со резултат 61-35. Додека, момчињата од Општина Карпош во пресеметката за второто место го надиграа тимот на Кисела Вода со резултат, 55-33.

Пехарите и дипломите на најдобрите им ги подели шефот на кабинет на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Горан Петковски.

Денес (15.04) на купот Св. Георги ќе се игра женска одбојка. Воедно, вчера во Кисела Вода на шаховската лига за пензионери се одиграа 11, 12 и 13 коло. Лигата ќе заврши денес.

Извор: Општина Кисела Вода