О.Кочани: Акција за пошумување во месноста Пресечена Скала

Денес, 18 декември 2020 година од 12 ч. Општина Кочани во соработка со Национални шуми ќе реализира акција за пошумување.

Во акцијата ќе учествуваат вработените во општинската администрација, а поканети се и членовите на Советот на Општина Кочани.

Пошумувањето ќе се изведе во месноста Пресечена Скала, над Фабриката за вода, каде се планира да се засадат околу 2 илјади садници бор и багрем.

Акцијата за пошумување на овој потег претставува дел од континуираните напори на Општина Кочани за подобрување на зелената маса, но истовремено и за намалување на просторот за создавање диви депонии.

Извор: Општина Кочани