O.Кочани: На општинската зграда и на двете средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ – поставени фотоволтаични системи

На општинската зграда и на двете средни училишта во Кочани, „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ се поставени фотоволтаични системи.

Со инсталирањето на фотонапонските системи јавните објекти ќе можат самите да произведуваат струја. Капацитетот на системите е од 15 киловати, што ќе овозможи да се намалат трошоците, а истовремено да се зголеми и искористеноста на сончевата енергија како обновлив извор.

Според информациите на општинските служби вклучени во реализацијата на проектот,  инсталирањето го извршила фирмата КГМ Еол Квазар од Скопје.

Средствата во висина од 32 илјади евра се од Министерството за финансии, преку Проектот за подобрување на општински услуги. Грантот е обезбеден преку ИПА-компонентата на Европската Унија.

Извор: Општина Кочани