O.Крива Паланка: Две конфекции ќе донираат 3.500 маски за локалните институции и болницата

Околу три илјади заштитни маски за повеќекратна употреба изработуваат две конфекции од Крива Паланка и истите ќе бидат донирани во општината, за локалните институции и здравствениот дом од градот. Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, информира дека поголема количина маски ќе бидат готови утре, а останатите до крајот на неделата.

-Состојбата е таква што сите во рамки на расположливите реурси и капациетти се вкчлучуваат за помош на населението и заштита од Ковид -19. Два конфекциски погони во градот, „Ала конфенции“ и „Амика Мика“ веќе интензивно работат на шиење маски и истите се финишираат. Дел од масите се наменети за локалните институции, за оние служби кои се постојано на терен, како и за здравствениот дом, изјави Мицевски.

„Ала конфенции“, текстилна компанија која е италијанска инвестиција и вработува околу 140 луѓе, а призведува заштитна ХТЗ опрема, истакнаа дека раководството имајќи ја предвид пандемијата веднаш извршило набавка на соодветен материјал за маски и истите се подготвени.

-Околу 500 маски ќе доставиме до општината и 1000 во болницата, а веќе се прави координација со локалните власти и се прилагодуваме согласно состојбата која се менува од час во час. Маските ќе бидат донација, наменети се за повеќе употреби, можат да се перат, вријат и пеглаат за дезинфекција, посочуваат од „Ала конфекции“.

И од „Амика Мика“ истакнаа дека по состојбата од недостиг на маски веднаш извршиле набавка на потребните материјали, ластици кои им недостасувале и веќе се направени 250 маски, другите се изготвуваат и вкупно 2000 ќе бидат донирани.

Градоначалникот Мицевски им се заблагодари на компаниите, но и на сите невладини организации од општината, институции и политички партии, членови на општинскиот совет, кои пријавиле лица кои волонтерски ќе се вклучат во активностите на мобилните тимови на терен, за помош и подршка на најзагрозените граѓани, возрасни лица и болни изнемоштени.

-Инспекциските служби се на терен и ја следат состојбата и почитувањето на мерките, а Општина Крива Паланка и други локални институции ќе отстапат три возила на ОВР Крива Паланка додека трае вонредната состојба, рече Мицевски.

Извор: Општина Крива Паланка