О.Крива Паланка: Се асфалтира дел од локален пат во с.Конопница

На  ден 03.05.2019 година,  во рамките на своите активности градоначалникот  Борјанчо Мицевски изврши увид на градежните работи кои се одвиваат на територијата на општина Крива Паланка.

Во моментот се работи на асфалтирање на дел од локалниот пат во с. Конопница на потегот кај црква и  м.в. Спас, а во текот на утрешниот ден ќе се асфалтира дел од локалниот пат и во с.Трново, односно кракот кон црква и селското училиште.

Изведувач на градежните работи е фирмата „Стоименов“ ДООЕЛ од  Кочани.

Извор: Општина Крива Паланка