О.Крушево: 9 советници продолжуваат со обуки – „Зајакнување на општинските совети“

Девет советници од Советот на општина Крушево овој викенд продолжуваат со обуки во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“.

Обуките ќе се одржат во Крушево, хотел Монтана Палас, а ќе бидат на тема „Финансиска контрола и ревизија“.

Обуките повторно започна да се спроведуваат минатиот викенд по неколкумесечната пауза заради кризата со коронавирусот.

Обуките се дел од Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Извор: Општина Крушево