О.Куманово: Доделени договори на образовни асистенти на проектот “Моќта на децата”

Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски вчера додели договори на 17 образовни асистенти, ангажирани на проектот “Моќта на децата”, од програмата Општинско-корисна работа, која е составен дел од оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот донесен од страна на Владата на РСМ.

Образовните асистенти услугата за помош и поддршка на ученици со попреченост ќе ја спроведуваат во седум општински основни и средни училишта. Целта е да се унапреди системот за обезбедување на социјални и здравствени услуги на локално ниво преку надополнување на постојните или воведување на нови услуги. Програмата е финансирана од АВРСМ и општина Куманово.

Извор: Општина Куманово