О.Куманово: Донација од 950 учебници за воншколска едукација за првачиња

Вчера општина Куманово доби донација од 800 македонски изданија на учебник “Учам да пишувам” и 150 српски изданија на учебник “Учим да пишем”, кои се наменети за воншколска едукација на првачиња.

Донацијата е од Димитрије Недиќ и Никола Крстиќ со Александар Симовиќ, Душан Љадевиќ, Влатко Димитровски, Антонио Цветковски. Ова е само една во низата на неколкуте различни акции преземени од нивна страна, со цел запознавање на јазичните сличности и различности на етничките заедници во општината.

Извор: Општина Куманово