О.Куманово: Гимназија „Гоце Делчев“ го прослави патрониот празник

На ден 03.05.2019 година по повод патрониот празник на училиштето, пред бистата на Гоце Делчев во кумановската гимназија свежо цвеќе положи градоначалникот Максим Димитриевски, претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска и претставници на Советот на општината.

Прославата на патронатот на гимназијата беше одбележан со богата програма, ликовна изложба на дела на учениците во Центарот за култура „Трајко Прокопев“ и свечена приредба со драмска претстава и музички настап.

Извор: Општина Куманово