О.Куманово: Годишен концерт “Српски вез”

Вчера вечер на спортскиот терен во Соколана културно-уметничкото друштво “Српски вез” одржа годишен концерт, по повод 7-годишното постоење.

На мини солистичкиот концерт настапи фолклорната секција, составена од детски, младински и првиот изведувачки ансамбл и етно групата со три музички нумери, придружувани од оркестарот на “Српски вез”.

На настанот присуствуваше Секретарот на општина Куманово Александар Гелевски.

Извор: Општина Куманово