О.Куманово: ИЗВЕСТУВАЊЕ од состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Барање од Комисија за заразни болести во Министерство за здравство да направи целосен пресек на состојбата во Општа болница Куманово за бројот на позитивни случаи од персоналот во болницата по одделенија и да даде свое видување за функционалноста на капацитетите на болницата во овие околности.
  • Бараме од Министерство за надворешни работи да ни достави список на лица од Куманово, кои се најавени да се вратат во Република Северна Македонија.
  • Бараме од кризниот штаб при Влада на Република Северна Македонија да задолжи лице од Министерство за труд и социјална политика, кое дирекно ќе се вклучи во работата на ОШЗС.

Извор: Општина Куманово