О.Куманово: Мултимедијален настан „Заедно за иста цел“

Општина Куманово во соработка со ЦИВИЛ – Центар за слобода, организираа мултимедијален настан на тема „Заедно за иста цел“. На настанот свое обраќање имаше градоначалникот Максим Димитриевски, претставници на СВР Куманово – Оддел за превенција, како и претставници на ЦИВИЛ.

Настанот е дел од проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“, а е резултат на заедничките заложби на локалната самоуправа, полицијата, ЦИВИЛ, основните и средните училишта, а со поддршка на Амбасадата на САД за јакнење на јавната свест и граѓанска едукација против насилниот екстремизам.

Мултимедијалниот настан беше проследен со видео проекции, музика, сценски настапи на учениците, изложба и доделување на награди за најуспешните учесници на конкурсот за ликовни творби кои учениците ги создаваа на креативната работилница искажувајќи ги своите мисли и идеи за човековите права и слободи, мирот и безбедноста.

Извор: Општина Куманово