О.Куманово: Најдобар полицаец и пожарникар за 2020 година

Општина Куманово завчера традиционално ги прогласи најдобриот полицаец и најдобриот пожарникар за 2020 година.За најдобар полицаец е прогласен Бујар Османи, полицаец во полициска станица за безбедност на патишта и сообраќај при СВР Куманово, а за најдобар пожарникар прогласен е Далибор Колевски, пожарникар-спасител во ТППЕ Пожарна Куманово.

Наградите ги врачи Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски, истакнувајќи дека тие треба да бидат личен поттик за нив и позитивен пример за средината во која ја извршуваат професионалната должност.

Извор: Општина Куманово