О.Куманово: „Негуваме исти вредности” во чест на Денот на Европа

Настан во чест на Денот на Европа „Негуваме исти вредности” во текот на вчерашниот ден (9-ти мај) се одржа во Занатски Дом,  организиран од ЕУ Инфо Точка при Општина Куманово.

Свое обраќање пред присутните имаше  градоначалникот Максим Димитриевски, кој зборуваше за значењето на овој ден и придобивките од ЕУ проектите за Општина Куманово. На настанот присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, советници, директори на јавни претпријаија и јавни установи, директори на основни и средни училишта и ученици.

Настанот беше проследен со богата програма од музички изведби на учениците од СОУ „Наце Буѓони”, ООУ „Јероним Де Рада” и Гимназијата „Гоце Делчев„.


Извор: Општина Куманово