О.Куманово: Посета на учениците од ООУ „Магдалена Антова„ на општина Куманово

Во посета на општина Куманово, на ден 10.04.2019 година беа учениците од општинското основното училиште „Магдалена Антова„. Целта на посетата е запознавање со работата на Градоначалникот, Советот на општината и општинската администрација, како дел од наставната програма за четврто одделение. Градоначалникот Максим Димитриевски срдечно ги пречека учениците на кои им ги објасни своите работни задачи и обврски.

Извор: Општина Куманово