О.Куманово: Претставници на Асоцијацијата на одбранбени воени аташеа во Куманово

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски се сретна со генерал мајор Павле Арсоски, командант на Командата за операции и со претставници на Асоцијацијата на одбранбени воени аташеа од 25 држави.

На средбата Градоначалникот ја претстави општината и го истакна високото ниво на цивилно-воената соработка помеѓу општина Куманово и АРСМ.

Извор: Општина Куманово