О.Куманово: Прва форумска сесија

Вчера во Занаетчиски дом се одржа првата сесија од проектниот форум „Зајакнување на општински совети„.

Овој форум се организира преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а целта е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Присутните граѓани на форумот имаат можност да предлагаат приоритетни проекти, кои ќе се финансираат од буџетниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF). Форумот го отвори градоначалникот Максим Димитриевски.

Извор: Општина Куманово