О.Куманово: Садници на локалитетот Студена вода

Вчера на локалитетот Студена вода беа засадени шеесет украсни грмушки, четириесет листопадни садници и илјада и петстотини чемпреси за масовно пошумување, како акција на ЈП “Чистота и зеленило”-Куманово.

Во акцијата за раззеленување на овој дел од градот, со цел заштита на животната средина и почист воздух, учествуваше и Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски.

Извор: Општина Куманово