О.Охрид : Чистење на пумпната станица „Канео“

Одделението за одржување на канализациона и атмосферска мрежа на ЈП „Нискоградба“, изврши чистење на пумпната станица  „ Канео“ како и канализациона мрежа и ревизионите шахти. Поради непристапниот терен машината за чистење беше транспортирана со кајче и се вршеше поединечно чистење.

Вака темелно чистење на цевководите и шахтите не е извршено од 2003 година. Во претстојниот период продолжува профилактиката на цефководи и шахти низ целиот град пред почетокот на туристичката сезона.

 

Извор : Општина Охрид