O.Охрид: Цветни балкони- Цветен Охрид

Во  рамките на  „Неделата на животната средина“, што традиционално ја организира Одделението за заштита на животната средина при општина Охрид, на 07.06.2019г. започна реализацијата на проектот „Цветни балкони- Цветен Охрид“.

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на  улиците: ул.„7-ми Ноември“, ул. „Бекир Алириза“, ул.„Егејска“, ул.„Охридска бригада“, ул.„Тетовска“, ул.„Абас Емин“ од пресекот со бул.„Туристичка“ до ул.„Железничка“, ул.„Дејан Војвода“,  ул.„Крали Марко“, ул.„Стив Наумов“, ул.„Јабланица“ и ул.„Бистрица“.

Граѓаните од горе наведените улици кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ на 6 и 7 јуни (четврток  и петок)  2019г. од 9 до 13 часот, а со себе треба да носат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

Целта на организирањето на оваа „Недела на животната средина“ е што повеќе да се укажува  на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина.

Извор: Општина Охрид