О.Охрид: Јавен оглас за формирање на партиципативно тело во процес на урбанистичко планирање

Врз основа на член 46 став (1) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ Бр.32/2020) за формирање на партиципативно тело за подрачјето на Општина Охрид, Градоначалникот на Општина Охрид на ден 15.10.2020 година објавува

ЈАВЕН  ОГЛАС
ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ПАРТИЦИПАТИВНО ТЕЛО КОЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ПРОЦЕСОТ НА УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД

1. Предмет на овој јавен повик е: Формирање на партиципативно тело за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање за подрачјето на општина Охрид,

Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија. Партиципативното тело има право да расправа за сите работи од надлежност на единицата на локалната самоуправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој, преку презентирање на своите мислења на советот на општината.

2. Услови за учество: Пријава по овој јавен оглас можат да поднесат сите заинтересирани лица кои се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.

3. Документи кои се поднесуваат:

  • Пријава за член на партиципативно тело за подрачјето на општина Охрид (образецот е во прилог на повикот),
  • Кратка автобиографија,
  • Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образецот е во прилог на повикот),
  • Изјава за прифаќање на условите по овој повик (образецот е во прилог на повикот).
  • Релевантен писмен доказ за исполнување на условите за учество од точка 2 на огласот (копија)

4. Рок и место на поднесување на пријави: Пријавите по јавниот оглас со комплетната документација можат да се поднесат преку пошта на адреса: Општина Охрид, ул.Димитар Влахов бр.57 Охрид 6000 или во едношалтерска канцеларија на општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.

На пријавата да се наведе: „Пријава по јавен оглас за формирање на партиципативно тело за подрачјето на општина Охрид“

5. Обврски на членовите на партиципативното тело: Партиципативното тело заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, особено ја разгледува планската програма во фаза пред таа да му биде предложена на градоначалникот за одобрување, како и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко планско решение пред да биде дадено на стручна ревизија. Работата на партиципативното тело е јавна.

Членовите на партиципативното тело согласно Законот за урбанистичко планирање, не ги следува надоместок за вршењето на работа.

6.Начин на работа: Начинот на работа и бројот на членови на партиципативното тело се уредуваат во Деловникот на партиципативното тело што го донесува Советот на единицата на локалната самоуправа, при што бројот на граѓански членови на партиципативното тело што се пријавиле на доброволна основа не е ограничен.

7. Дополнителни информации на: 075/38 46 42 Татјана Стојческа, Општина Охрид.

Прилог:

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ПАРТИЦИПАТИВНО ТЕЛО КОЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ПРОЦЕСОТ НА УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД

ОБРАСЦИ ЗА ПРИЈАВА

Извор: Општина Охрид