О.Охрид: Нова Дограма во ОМУ „Методи Патчев“

Во ОМУ „Методи Патчев“, вчера, старата и дотраена дограма се заменува со нова и енергетски ефикасна. Нови прозорци ќе бидат поставени во сите простории од училиштето.

Претходно во училиштето беше реконструирана старата ограда и се изврши дооградување на дворот.

Извор: Општина Охрид