O.Охрид: Новоизбраниот градоначалник Константин Георгиески го доби уверението од ОИК

Во присуство на сите членови, претседателот на Општинската изборна комисија Климент Камнароски, на 9-ти мај официјално му го врачи Уверението на новоизбраниот градоначалник Константин Георгиески.

“Ја користам приликава да им се заблагодарам на  сите граѓани кои гласаа за мене, мојата програма и визијата за поубав и попросперитетен Охрид. Ги уверувам и оние охриѓани кои гласаа за противкандидатот, дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани и ќе ги вложам сите лични капацитети  да го реализирам ветеното.
Со координирана работа со Советот на општина Охрид и локалната администрација ќе ја забрзаме динамиката за реализирање на веќе започнатите проекти, а паралелно ќе ги привршуваме постапките за почеток на новите.

Програмата, со бројните проекти речиси во сите сегменти на подобрување на животот во Охрид, добро и се познати на јавноста. Верувам во себе и моите соработници и ги уверувам граѓаните дека ќе го  реализираме  ветеното и дека ќе воведеме нова практика за брза подготовка на потребната документација за аплицирање на повиците за користење средства од европските фондови”– рече градоначалникот Константин Георгиески.

Извор: Општина Охрид