O.Охрид: Одбележан Денот на пожарникарите

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески вчера (20.05) присутвуваше на пригодната свеченост во охридската Противпожарна станица по повод 20-ти мај Денот на пожарникарите.

Традиционално, охридските пожарникари го одбележаа празникот со дефиле на противпожарните возила и презентација на на противпожарната опрема.

Во текот на изминатава година од страна на охридската противпожарна служба беа извршени бројни успешни интервенции за гасење на пожари на приватни објекти и на отворен простор.

Извор: Општина Охрид