О.Охрид: Одбележана годишнината од смртта на Христо Узунов

Со низа свечености општина Охрид на ден 24.04.2019 година ја одбележа годишнината од смртта на Христо Узунов. Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска и секретарот Игор Бежоски во ЦК “Григор Прличев” ја проследија централната свеченост по повод одбележувањето на патронатот на ОУ „Христо Узунов“.

Делегација на општина Охрид предводена од претседателката Ангелоска положи цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов во градскиот парк. Цвеќе положија и потомците на Узунов,  политички партии и невладини организации , а се одржа и пригодна културна програма.

Свеченостите завршија со панихида и полагање цвеќе на гробот на Христо Узунов во с. Цер.

Извор: Општина Охрид