О.Охрид: Познати добитниците од Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид

Во врска со објавениот Јавен повик бр.09-1283/2 од 24.01.2019 година за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид, познати се добитниците на средства од буџетот на општина Охрид за 2019 година.

Ги известуваме апликантите кои добиле финансиски средства на ден 12 и 13 јуни 2019 година да дојдат во Општина Охрид – Одделение за млади и невладини организации за да ги потпишат договорите за учество во финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид.

Напоменуваме дека потпишувањето на договорите треба да го вршат овластени лица претставници од апликантот, кои со себе треба да понесат печат.

Добитници на финансиски средства од буџетот на Општина Охрид за програми и проекти од јавен интерес.

Извор: Општина Охрид