О.Охрид: Претставници од општина Охрид во посета на Сафранболу – Турција

Делегација на општина Охрид, предводена од Емин Селман и Сашо Котели беше на одбележувањето на Патрониот празник- Денот на детето на турската општината Сафранболу.
Во рамки на посетата беше остварена работна посета со градоначалничката на општината, Елиф Косе и со Кајмакамот кој е одговорен во делот на образование, туризам и култура на национално ниво. На средбата се разменуваа искуства во овие области, а се разгледуваа и можностите за реализирање на заеднички проекти.

Градот Сафранболу во Р. Турција е под заштита на УНЕСКО.
Извор: Општина Охрид