О.Охрид: Реконструкција на Економското училиште СОСУ „Св. Кирил и Методиј“

Во средното економско училиште, во тек се бројни зафати за реконструкција. Во реконструкцијата е опфатено промена на целокупната стара и дотраена столарија со нова и енергетски ефикасна, а се изврши и молерисување на внатрешноста на сите простории во училиштето.  Дополнително за прв пат се постави целосно нова компјутерска мрежа, односно се изврши каблирање на училиштето со што сега ќе има стабилна интернет конекција.

Увид во зафатите, денес, изврши градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој потенцираше дека ваквиот однос кон училиштата ќе продолжи и понатака.

Вкупниот буџет на зафатите во СОСУ „св. Кирил и Методиј“ изнесува 2 490 000 денари, средства одвоени целосно од буџетот на општина Охрид.

Во изминатиот период во ова училиште комплетно беа реконструирани санитарните јазли за учениците и професорите, и се постави нова инсталација, санитарија и плочки. Исто така училиштето се поврза со нова фекална канализација.

После неколку децении за прв пат се прават вакви крупни зафати во средното економско училиште. Реконструкцијата на учениците и професорите ќе им овозможат поефикасно одвивање на наставниот процес.

Извор: Општина Охрид