О.Охрид: Се уредува зелениот појас од хидробиолошкиот завод до Св.Стефан

Ј.П.„Охридски Комуналец„ го уредува тревниот појас помеѓу двете коловозни ленти на магистралниот пат Охрид-Св.Наум на потегот од Хидробиолошки завод до населба Св.Стефан.

Иако се работи за магистрален пат и одржувањето не е под наша надлежност, во интерес на граѓаните и туристите, нашите служби рачно и машински го косат тревниот појас на овој потег.

Извор: Општина Охрид