О.Прилеп: Асфалтирани се пет краци на улицата „Пчиња“,а се работи и други локации

Градоначалникот Илија Јованоски, во повеќе наврати акцентира дека до крајот на оваа 2019 година, Прилеп ќе биде град без кал.

Сите улици во градот, ќе бидат асфалтирани, така што граѓаните веќе нема по секој дожд да се движат со чизми и да газат во кал.

Секаде каде што се решени имотно-правните односи за земјиштето, врз овие улици, ќе биде поставен асфалтен слој.

„Прилеп до крајот на годинава ќе биде целосно урбанизирана средина. Секаде каде што со години не било интервенирано, или се немало слух за барањата на граѓаните, да им се асфалтираат улиците,а при тоа не постои законска пречка од аспект на имотно-правни односи, улиците ќе бидат асфалтирани.

Тоа им го ветив на граѓаните и ова ветување е императивно и за мене и за Општината,така што градот конечно ќе заличи со целосно асфалтирани улици“, истакнува градоначалникот Јованоски.

Извор: Општина Прилеп