О.Прилеп: Чествувања за Гоце Делчев, Пере Тошев и Јосип Броз –Тито

Делегација од Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Илија Јованоски и делегации од политички партии, на ден 04.05.2019 година положија свежи цвеќиња пред спомен бистата на револуционерот Гоце Делчев,во дворот на основното училиште, што го носи иметотна својот патрон, одбележувајќи ја 116 годишнината од неговата смрт.

Свежи цвеќиња делегациите положија и пред споменикот на Пере Тошев, во центарот на градот,одбележувајќи 107 години од неговата смрт.

А, делегација предводена од градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Советот Миле Талевски,како и делегација од ОО на СДСМ, што ја сочинуваа пратениците Хари Локвенец и Кети Смилеска, се поклонија и свежи цвеќиња положија и пред бистата на доживотниот претседател на поранешна СФРЈ, великанот Јосип Броз – Тито одбележувајќи 39 години од смртта.

Извор: Општина Прилеп